Стефан Ристовски најави повлекување од репрезентацијата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан 

Ристовски, синоќа ја изненади јавноста со објава на социјалните мрежи со која најави привремено повлекување од нашата фудбалска репрезентација. Во објавата тој вели дека се повлекува поради нарушен однос со селекторот Благоја Милевски, но и поради одредени работи кои не функционираат во репрезентацијата.

Десниот бек на Динамо Загреб во својата подолга објава на социјалните мрежи не дава детални објаснувања за својата одлука, но нагласува дека ја донел истата поради фактот што функционирањето на националниот тим оди во погрешен правец.

Оваа одлука на капитенот секако е голем удар за македонскиот национален тим, а доаѓа во пресрет на продолжението на квалификацискиот циклус за ЕП 2024.