Стив Купер нов тренер на Лестер Сити

Велшкиот тренер Стив Купер го презема англиски Лестер Сити. Ова го објави официјалниот сајт на клубот.

„Стив е тренер со искуство во Премиер лигата по успешната сезона во Нотингем Форест, каде што раководеше помеѓу 2021 и 2023 година. Заработи одлична репутација поради неговите лидерски квалитети“, велат од клубот.

Во својата прва изјава како тренер на Лестер, Купер вели:

„Задоволен сум и горд што сум назначен за тренер на Лестер Сити. Ова е фантастичен клуб со богата историја и страсни навивачи. Среќен сум што работам со таков талентиран тим и со нетрпение очекувам да ги оствариме нашите заеднички амбиции во Премиер лигата“, рече Купер.