Стигна потврда околу можното купување на гигантот Милан

Амбасадата на Бахреин во Лондон официјално потврди дека преговорите за купување на италијанскиот гигант Милан се во тек.
Неполни 48 часа по првите гласини и веста дека калчолигашот Милан ќе добие нови сопственици што ја пренесоа францускиот весник „Л`Екип“ и агенцијата Ројтерс, дојде и официјална потврда во која се вели: „Фондот Инвесткорп од Бахреин е во ексклузивни преговори за купување на Милан и за таа цел понуди 1,1 милијарда долари.
Инвсткорп е основан во 1982 година, и има голем обем на активности и управување со средства во висина од над од 42 милијарди долари ширум светот.