Стипендисти на КС групација

КС Групација во чиј состав влегува и компанијата Евротип, минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за општествена одговорност чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации. Стипендиите кои ги доделува КС Групацијата имаат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво вклучувајќи 10 месеци стипендирање плус 2 месеци платена пракса.

Практикантскиот дел од програмата за стипендирање претставува неверојатна прилика за стипендистите да стекнат практично искуство, да го зголемат своето знаење и да се подготват за идната кариера.
Од првиот ден, стипендистите се вклучени во реални проекти каде имаат прилика да го покажат своето знаење и вештини, но во исто време и да научат многу нови работи. Под менторство на искусните вработени од КС Групацијата, младите талентирани стипендисти успеваат да го прошират своето знаење и да ја искристализираат насоката на својот професионален развој.

Со искуствата и знаењата кои ги стекнуваат стипендистите за време на двомесечната пракса тие излегуваат подготвени за предизвиците во професионалниот свет, но и мотивирани да ја обликуваат иднината на индустријата.
Стипендистите кои имаа привилегија да бидат дел од програмата за стипендирање на Групацијата и кои веќе учествуваа во двомесечната пракса го опишуваат своето искуство како клучен момент во нивниот професионален развој. Со комбинација од теоретско знаење и практична примена на знаењето оваа пракса им понуди непроценлива можност да се запознаат со реалните предизвици и одговорности во професионалниот свет.

За време на праксата стипендистите работеа со професионалци од КС Групацијата, учејќи од нивните богати искуства и добивајќи повратни информации за своите задачи. Тие се соочија со диманичната природа на деловните процеси, а во исто време имаа прилика да се вклучат во различни проекти кои го продлабочија нивното разбирање за деловниот свет.

Менаџерскиот тим на КС Групацијата со голема радост ги поздравува напорите на овие млади индивидуалци признавајќи го нивниот труд и посветеност.