Стоичков распали по Ван Гал: Тој не вреди како човек

Христо Стоичков е легенда на Барселона и важи за најдобар бугарски фудбалер на сите времиња, но во јавноста е познат и по отворените изјави кои често знаат да привлечат многу реакции.

Поранешниот напаѓач во својата богата кариера имаше можност да соработува со два врвни холандски стручњаци, но на оној вториот не сака да му го изговори ниту името.

Се работи за искусниот Луи Ван Гал, за кого Стоичков не чувствува никакви симпатии поради тоа што го доживеал на многу лош начин како човек.

„Луј? Кој е тој Луј? Не сакам ниту да му го изговорам името гласно. Кога се зборува за него, немам никакви емоции во себе. Можам да кажам дека е голем професионалец, тоа никој не може да го негира. Неговите методи на работа се добри, но како личност едноставно не ми се допаѓа. Можеби и јас сум понекогаш лош и можам да се поправам, но не сум запознал некој како него. Ајде да зборуваме за друг човек, не за него. Тој не вреди ништо за мене, тој е лажго за кој не сакам да изгубам ниту една минута. Едноставно не вреди како човек“, вели Стоичков.