Столе Димитриевски пред историски рекорд во Рајо
Столе Димитриевски брани во фантастична форма во дресот на Рајо Ваљекано и зад себе сезонава има девет натпревари во кои не примил гол.
До деветтата „чиста мрежа“ Димитриевски стигна за викендот против Атлетик Билбао и така се израмни со Рубен Мартинез кој до девет пати ја сочува мрежата во сезоната 2013/2014. Меѓутоа во преостанатите 14 натпревари од Ла Лига, Димитриевски има голема можност и да стане асполутен рекордер.
Пред него е само Коке Контрерас со десет „чисти мрежи“ од сезоната 1996/1997. Ако македонскиот голман двапати ја сочува мрежата во тие 14 кола ќе го прескокне и ќе стане најефектен голман во една сезона во историјата на клубот.
Исто така Коке го држи рекордот со најмалку примени голови (49) во една сезона. Димитриевски досега прими 25 и ако прими помалку од 23 гола до крајот ќе сруши уште еден рекорд.