Стоунс го чека нова долга пауза по повредата во Мадрид

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за повредата што ја доби дефанзивецот Џон Стоунс во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1-3).

Стоунс е повреден, тешко. Ќе знаеме во наредните денови дали му треба операција или не… Да, тоа е долг период на отсуство, исто како Ману Аканџи, го цитира Гвардиола ESPN.

30-годишниот Англичанец оваа сезона настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и забележа две асистенции.

Неизвесен за утрешното дерби со Ливерпул е и напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.