Стојановски ќе прозива на 9 јануари, централната фаза подготовки во Турција

Фудбалерите на Пелистер ќе ги започнат подготовките за вториот дел на сезоната на 9 јануари 2026 година. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“, тимот ќе ги почне активностите во новата година.
Првата фаза ќе биде одработена во Битола, а од 17 до 31 јануари нашата екипа ќе се подготвува во турскиот центар Анталија. Тимот ќе се екипира и со цел потенцијал ќе ја бруси формата низ тренинзи и интернационални пријателски натпревари.
20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ)
28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)
На 9 јануари клубот ќе одржи прес-конференција и брифинг со медиумите, на кој на располагање ќе бидат претставници на клупската управа, шефот на стручниот штаб, Милан Стојановски, и дел од фудбалерите.