Стојан Ѓуроски пред дуелот со Азербејџан: Ние одиме на победа, без разлика кој е на другата страна

Ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот Куп, но од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски на првиот тренинг пред она што е наредно на ред за нашиот сениорски национален тим.
Почетокот на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. во кој нашиот сениорски тим ќе биде за одредена доза на искуство „побогат“ со присуството на Стојан Ѓуроски.
А искусниот кошаркар изрази задоволство што повторно е дел од тимот:
„Чувството е одлично. Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви заради повреда, и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се воиграме“ – смета Ѓуроски.
Натпреварот против селекцијата на Азербејџан, Македонија ќе го игра на 27. ноември (од 19.часот,) во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.