Стојковиќ ја повика публиката на дуелот со Баја Маре

Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ.
„Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме“, порача Стојковиќ.
Дуелот се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.