Стојкоси се врати во Македонија ЃП по кратката епизода во Работнички

Македонија Ѓорче Петров го промовираше својот нов/стар играч.

Кристијан Стојкоски се враќа во матичниот клуб после епизодите во Шкупи, Академија Пандев и Работнички. Во пролетниот дел се очекува да биде големо засилување за „лавовите“.

На официјалната страна на клубот од Ѓорче трансферот беше потврден со: „Дома си онаму каде што ти е срцето. Добредојде Кристијан Стојкоски“.

Стојкоски беше дел од младинските категории на „лавовите“, потоа една полусезона одигра во Тетекс, за да се врати во Ѓорче и да помине пет години.