Стојоски единствен македонски претставник на Светското атлетско првенство во сала

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски ќе ја претставува Македонија како единствен македонски натпреварувач на претстојното Светското првенство во сала, кое ќе се одржи од 20 до 22 март во Торун, Полска.
Стојоски ќе настапи во дисциплината 400 метри, во која оваа сезона оствари одлични резултати во сала, потврдувајќи ја својата добра форма и подготвеност за настап на најголемата светска сцена.
Неговиот настап е закажан на 20 март во 12:00 часот.