Стојоски 24-ти на 400 метри на Светското првенство во атлетика во сала

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски како единствен македонски натпреварувач денес го имаше својот настап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун.
Стојоски се појави на трките од квалификациите на 400 метри и настапи во групата 6 заедно со многу силни натпреварувачи и истрча време 47.93 секунди што беше негово најдобро време оваа сезона. Овој резултат беше доволен на крајот д азаврши како 24-ти на ова СП во сала.