Страхиња Крстевски потпиша за италијански четвртолигаш

Страхиња Крстевски после неколку месеци пронајде нов клуб и ќе игра во Италија во редовите на Серија Д.

Крстевски последната сезона настапуваше за естонската Левадија со која се раздели во август. Сега потрага по нов клуб завршува затоа што тој ќе го носи дресот на четвртолигашоит Гравина.

24 годишниот Страхиња има македонски и српски пасош во минатото забележа настапи во младинските категории на македонската репрезентација. Во кариерата беше дел уште од вториот тим на Звезда, Графичар, Пролетер, Ковињ, Локомотив Софија, Работнички…