Страхиња Павловиќ го менува Милан со Премиер лигата

Сѐ е поизвесно дека Страхиња Павловиќ ќе ја замени Серија А со Премиер лигата. Српскиот репрезентативец блеска во дресот на „росонерите“, што не остана незабележано, па раководството на Челзи покажа голем интерес да го ангажира.

Дали преку трансфер или позајмица, за „сините“ не е важно, само им е цел што поскоро да го доведат поранешниот дефанзивец на Партизан, Монако, Серкл Бриж, Базел и Салцбург.

Меѓутоа, во неодамнешно интервју – членот на „орлите“ откри дека не размислува да си замине од Италија, како и дека ужива во „градот на модата“ под команда на Масимилијано Алегри. Не крие дека му е приоритет да игра во Лигата на шампиони во дресот на Милано.

Од Лондон планираат во „калчото“ да го испратат Бенуа Бадиашил. Наводно, на Милан му е интересен Французинот кој нема минути на Стемфорд Бриџ.