Стротман пристигна во Џенова, Пандев доби искусен соиграч

Кевин Стротман, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на италијанскиот тим Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Некогашниот играч на Рома кој се наоѓа на платниот список на Олимпик Марсеј, се одлучи да се врати во Серија А откако не добиваше минутажа на „Велодром“.
„Без размислување ја прифатив понудата од Џенова бидејќи не играв многу од стартот на сезоната. Разговарав со семејството и сите сакавме да се вратиме во Италија“ – потенцираше Стротман.
30-годишниот Холанѓанец со неговото богато искуство ќе треба да им помогне на џеновјани во битката за опстанок.