Струга – Шкендија најзвучен пар во четвртфиналето на Купот

Точно напладне со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот Вардар за противник го доби лидерот во Втората лига, Охрид Лихнидос.
Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Тетово, а Шкендија Арачиново се среќава со Работнички. За последното место меѓу четирите најдобри ќе се борат Детонит Плачковица и Силекс.Според календарот натпреварите се ќе се одиграат на 25 февруари. Познати се и можните дуели во полуфиналето во кое ќе се одиграат две средби.
Победникот од мечот меѓу првопласираните во Првата и Втората лига, Вардар и Охрид Лихнидос ќе се сретне со поуспешниот од мечот Детонит Плачковица – Силекс. Во второто полуфинале се соочуваат победниците од мечевите Струга Трим Лум – Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново – Работнички.
Првите полуфинални средби на програмата се на први, а реваншите на 22 април.
Според календарот финалето би требало да се одигра на 20 мај, но за тоа конечна одлука ќе донесе Управниот одбор на ФФМ.