Суарез го одигра последниот натпревар за Гремио
Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразилскиот клуб Гремио од кој со голем стил се прости – со гол против Васко де Гама (1-0).
Суарез во неделата вечерта доби овации од публиката и не можеше да ги задржи солзите кога во друштво на своето семејство кое се спушти на теренот го погледна видеото кое му го посвети Гремио.
Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш „бесмртен“, напиша Гремио на социјалните мрежи.
Суарез постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а се очекува да му се приклучи на Интер од Мајами, каде го чекаат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.