Суарез го сруши Роналдо и стана рекордер на векот!

Луис Суарез и две недели по неговиот 34. роденден потврди дека годините се само бројка, но и дека Барселона направи огромна грешка што го ослободи минатото лето.
Неговиот Атлетико, водечката екипа на Ла Лига, киксираше во 22. коло како домаќин ремизирајќи против Селта со 2:2, екипата од долниот дел на табелата, но Суарез повторно беше фантастичен.
Со двата гола за неговата екипа, Суарез дојде до 16 погодоци во првите 17 натпревари за Атлетико. Така, тој стана играчот кој најбрзо постигнал 16 погодоци во шпанската Ла Лига во 21. век.
Суарез го сруши досегашниот рекордер Кристијано Роналдо, кој во првите 17 натпревари за Реал во сезоната 2009/10, постигна 15 погодоци.
Со дватаа погодоци против Селта, Суарез стигна до 419 голови во својата клупска кариера, одигрувајќи 636 натпревари.