Суарез наскоро ќе потпише за Интер Мајами во МЛС лига

Луис Суарез може да ја продолжи кариерата во МЛС лигата. Интер Мајами е заинтересиран за услугите на 35-годишниот уругвајски фудбалер. Атлетико наводно одлучил да не го продолжи договорот со Суарез. Така Суарез на лето со слободен трансфер може да се пресели во клубот од МЛС лигата. Да потсетиме дека Суарез игра за Атлетико Мадрид од 2020 година, се пресели од Барселона за 7 милиони евра.

Оваа сезона напаѓачот учествуваше во 29 натпревари од Ла Лига, постигна 11 гола и даде 2 асистенции. Пазарната вредност на Суарез се проценува на 10 милиони евра. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува на крајот од сезоната.