Судија во Боливија „проголтан“ од песочна бура! (видео)

На социјалните мрежи се појави видео со неверојатни сцени од фудбалски терен. Тоа се случи во боливиски Ла Паз, а пред самиот почеток на натпревар помеѓу локални нисколигаши се спушти силна песочна бура.

Коментаторот драматично коментираше, а фудбалерите се уплашија и бегаа. Единствен кој не реагираше беше главниот судија на натпреварот, кој буквално беше „проголтан“ и не можеше да се види неколку секуни. За среќа, помина без посериозни повреди.

Боливиските медиуми бурата ја опишаа како „песочен ѓавол“, а се работи за природен феномен кој е прилично чест во тој дел од светот. Познат е и како мал торнадо, со оглед на тоа што најчесто не предизвикува голема материјална штета.