Судија од Романија ќе ја дели правдата на Македонија-Холандија

Утрешниот трет натпревар на Европското првенство кој го игра нашата репрезентација против Холандија ќе го суди Романецот Иштван Ковач, кој е со знакот на ФИФА од 2010 година.

Василе Маринеску и Овидиу Артене се негови помошници, Марко Ди Бело и Паоло Валери од Италија, како и Ли Бетс од Англија ќе бидат задолжени да го следат мечот од ВАР собата.

Инаку Ковач, кој има 36 години, за прв пат и суди на Македонија, но во судиската кариера им судел на Металург, Работнички и Шкендија во европските натпреварувања.