Судот потврди! Робињо оди зад решетки!
Своевремено еден од најдобрите фудбалери на светот, Бразилецот Робињо ќе мора на отслужување на затворска казна од девет години поради групно силување, потврди Апелациониот суд во Милано, а пренесуваат медиумите. Случајот за кој поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид е обвинет се случил во 2013. година во овој италијански град, кога Робињо силувал тогаш 23-годишна девојка. Судот висината на казната ја образложи со зборовите дека Бразилецот брутално ја понижил жртвата. Робињо таа вечер беше во друштво на пријателот Рикардо Фалко, кога несреќната девојка со албанско потекло го славеше својот 23. роденден во еден клуб во Милано. Година дена подоцна, Робињо негираше дека беше вмешан во такво кривично дело.