Суперкомпјутер пресмета дали Ливерпул ќе се пласира во ЛШ наредната сезона (фото)
Единаесет кола пред крајот на сезоната во Премиерлигата, суперкомпјутер пресмета како ќе изгледа табелата по крајот на последното коло.
Манчестер Сити, кој сега има 14 бодови предност пред првиот конкурент Манчестер Јунајтед, ќе ја освои титулата. Суперкомпјутерот пресмета дека Сити, кој победи на 21 натпревар по ред, ќе ја зголеми предноста и ќе заврши со 28 бодови пред Јунајтед и третопласираниот Лестер.
Бранителот на титулата Ливерпул, прогнозира суперкомпјутерот, не само што ќе остане без титулата, туку нема да избори пласман ниту во Лигата на шампионите. Четвртото место кое води во најсилното европско клупско натпреварување ќе го освои Челзи со бод повеќе од Ливерпул и Вест Хем. Тотенхем на Мурињо ќе има три бодови помалку од Челзи.
Борбата за опстанок според овие прогнози нема да биде многу неизвесно, а од лигата ќе испаднат Шефилд, ВБА и Фулам.