Супер-компјутерот ја прогласи Германија за европски првак
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2024/07/germanija-euro-24-1024x776.jpg)
Суперкомпјутерот „Опта“ го одреди главниот фаворит на ЕП 2024
по комплетирањето на осминафиналето на овој турнир.
Опта смета дека главен кандидат за победа на ЕП 2024 е
репрезентацијата на Германија (20 %). Во првите три фаворити се
најдоа и репрезентациите на Шпанија (19,2%) и Англија (17,5%).
Репрезентацијата на Франција е на четвртото место со показател
од 15,2%.
Најмалку шанси за освојување на титулата и е дадено на турската
репрезентација која според овој суперкомпјутер има 3,1% за да го
освои ЕП 2024 – помалку од кој било друг.