Супер-финиш на Франција, прегазена Белгија со феноменален настап на Олисе

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата на нации на УЕФА. „Црвените ѓаволи“ поведоа и водеа до 77-та минута, но во пеколен финиш „Гелските петли“ буквално ги прегазија и го забележаа својот втор триумф за само неколку дена.
Натпреварот на стадионот „Франција“ во Сен Дени, предградие на Париз, заврши со резултат 4-1 (0-1).
Натпреварот кој се играше на стадионот „Франција“ не започна според очекувањата на 70-тина илјади навивачи бидејќи Лукебакио во 35-та минута и донесе предност на Белгија.
Во вториот дел, Французите тргнаа на се или ништо и во финишот, ја покажаа својата моќ и за 15-тина минути дадоа четири гола за убедлив триумф. Прво во 77-та минута, Дезире Дуе погоди за 1:1, а во 81-та минута резултатот го сврте Рајан Черки. Во финишот од мечот, Михаел Олисе со два гола, во 88-та и 90-та минута и донесе убедлив триумф на Франција.