Суспендирана олимписката шампионка на 100 метри со пречки заради допинг
Бријана Ролинс-Мекнил која е олимписка шампионка на 100 метри со пречки е суспендирана на неодредено време поради кршење на анти- допинг правила. Единицата за интегритет во атлетиката соопшти дека Ролинс-Мекнил е обвинета за „мешање во процесот на утврдување на резултати“. Доколку се утврди дека е виновна, и се заканува суспензија од 4 до 8 години. Американката освои злато на ОИ во Рио во 2016 година, а во 2013-та триумфираше и на СП во атлетика. Таа во моментов го има четвртото најдобро време во историјата на 100 метри со пречки – 12,26 секунди.