Сферопулос: Секогаш е тешко да се игра во Мадрид

Тренерот на Црвена Ѕвезда, Јанис Сферопулос, изјави дека црвено-белите ќе мора да се борат за секоја топка на натпреварот против Реал во петтото коло во Евро-лигата. Неговиот тим во првите четири кола забележаа три победи и еден пораз.
„Против Реал ќе играме во Мадрид, тоа е секогаш тешко место за играње. Од друга страна, верувам дека тактички добро ќе влеземе во мечот“, рече Сферопулос на вчерашната прес-конференција.
Натпреварот меѓу шпанскиот и српскиот состав, ќе биде одигран доцна вечер од 20:45.