Тами Абрахам ќе биде замената за Осимен во Неапол

Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.

Наполи будно ја следи ситуацијата и во него гледа идеална замена за Осимен, кој игра фантастична сезона, па Наполитанците тешко ќе можат да го задржат.

Европските гиганти се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен, па доколку замине, Наполи ќе се насочи кон Абрахам.