Таневски го наследи Станиќ на клупата на У21 селекцијата

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година.
Таневски доаѓа од работата со младинските селекции на ФФМ и селекцијата до 20 години, одлично ја познава генерацијата фудбалери која треба да биде основа на новиот состав до 21 година. На последните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус, новиот селектор ќе има можност да работи со дел од помладите фудбалери и постепено да го гради тимот за следниот квалификациски циклус.
Дејан Јакимовски е биде избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ, наследувајќи го досегашниот претседател Емил Божиновски кој останува дел од судиското тело во рамки на федерацијата.