Таневски си поднесе оставка, Македонија ЃП без тренер
Македонија Ѓорче Петров влезе во резултатска криза и не знае за победа цели пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а денешниот нов неуспех во домашното првенство резултираше со радикална одлука.
„Лавовите“ загубија од Брегалница со уверливи 4:1 на гостувањето, што се покажа како доволно добра причина тренерот Александар Таневски да ја презема одговорноста и да си поднесе оставка.
Поранешниот предводник на Академија Пандев реши да стави крај на својата втора авантура како шеф на стручниот штаб во тимот од Ѓорче Петров, за што стигна потврда и од самиот клуб.
„По денешниот пораз Александар Таневски поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Ти благодариме Клајне и ти посакуваме среќа во кариерата“, гласи објавата на „лавовите“.