Тајрон Лу ќе ги води Клиперски следната сезона
Тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Тајрон Лу, потпиша петгодишен договор со тимот, според кој ќе инкасира неверојатни 70 милиони долари.
Ова е најголемиот договор за еден тренер во историјата на НБА, а ако се дели годишно, Лу ќе биде побогат за 14 милиони долари.
Лу пристигна во Лос Анџелес на 20 октомври 2020 година и покрај тоа што во својот состав ги имаше Каваи Ленард, Пол Џорџ и Расел Вестбрук, тој не постигна сериозни резултати.
Годинава од плејофот беа исфрлени од Далас предводен од Лука Дончиќ во првото коло.