Тајсон Фјури купува третолигаш од Англија

Англискиот ББЦ пренесува дека светскиот боскерски шампон во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, има намера да го купи фудбалскиот клуб Морекомб кој настапува во третата англиска лига.
Фјури и самиот живее во градот Морекомб и навива за истоимениот клуб.
„Размислувам за купување на Морекомб. Во моментот играат во третата лига и затоа сакам да вложам неколку милиони во клубот и да му помогнам. Веќе сум сопственик на тренинг центар и теретана во клубот, па не гледам причина зошто да не го купам и целиот клуб и да станам сопственик“, изјавува Фјури.
Морекомб во моментот е на последното место во англиската Лига 1, кој е трета по ранг лига во Англија.