Тајсон Фјури сака да го тренира Џошуа
Боксерот од Англија, Тајсон Фјури, се понуди биде тренер на својот сонародник Ентони Џошуа, пред реванш борбата со Александар Усик.
Џошуа во мечот против Усик кој се одржа во Лондон, ги загуби трите шампионски појаси во категориите ВБА, ИБФ и ВБО. Веднаш по завршувањето на овој меч, се најави реванш кој би се одржал следната година.
“Ако јас би го тренирал Џошуа за реваншот со Усик, верувам дека ќе забележи победа“, изјавил Фјури. Му ги нудам моите тренерски услуги само за борбата со Александар и гарантирам дека ќе победи, но потоа сам нека се снаоѓа во дуелот со мене“.
Тајсон Фјури својот ВБЦ појас ќе го брани викендов, во борба со Дионтеј Вајлдер.
Доколку ја сочува титулата а Џошуа го победи Усик во реваншот, тогаш ракавиците ќе ги вкрстат сонародниците Фјури и Џошуа.