Тебас повторно реизбран за прв човек на шпанската лига

Само неколку недели откако поднесе оставка, Хавиер Тебас е реизбран за претседател на шпанската фудбалска лига.

Тебас беше единствениот кандидат и доби нов четиригодишен мандат, четврти по ред.

Поранешниот претседател на Хуеска е познат по реформите во системот за телевизиски права, при што секој клуб одделно преговара со радиодифузерите.

Тој, исто така, иницираше финансиски фер-плеј построг од оној наметнат од Европската фудбалска унија (УЕФА), ограничувајќи ги трошењата на клубовите во однос на она што го заработуваат. Тој систем неодамна беше напуштен поради критиките од бројни клубови, меѓу кои и Барселона.

Тебас е во отворена војна со неколку големи европски клубови како Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, кои според него го менуваат пазарот „со пари што не ги генерира фудбалот туку странски државни агенции“.