Тевез ја започнува својата тренерска кариера

Легендарниот аргентински напаѓач, Карлос Тевез неполн месец откако ја заврши својата играчка кариера, планира да започне со тренерска работа.

Медиумите во Аргентина пренесуваат дека 38-годишниот Тевез наскоро ќе седне на клупата на Розарио Централ.

„Одлучив и сакам да бидам тренер. Многу сум возбуден и со нетрпение ја очекувам новата кариера“, изјави Тевез пред медиумите.

Тимот на Розарио Централ освои само два бода во првите три кола од аргентинското првенство.