Тежок старт за Александер-Арнолд во Реал Мадрид

Деби настапот на Трент Александер-Арнолд за Реал Мадрид не наиде на позитивни реакции во шпанските медиуми, откако тимот извади само реми од 1-1 против Ал Хилал на стартот од Светското Клупско Првенство во Мајами.
Англискиот репрезентативец, кој се приклучи на Реал од Ливерпул во јуни, беше под лупа уште од првиот свиреж. Но, долгоочекуваното деби не ѓи исполни очекувањата. Александер-Арнолд одигра 65 минути пред да биде заменет, при што направи неколку дефанзивни грешки, загуби топки и покажа тешкотии со темпото на играта.
Шпанските медиуми беа остри во оценките. Голем дел од спортските весници неговиот настап го оценија како „разочарувачки“, доделувајќи му оцена 5 од 10. Аналитичарите посочија на неговата борба да се прилагоди на тактиките на тимот и на проблемите со физичката подготвеност во топлото и влажно време во Флорида, велејќи дека бил „целосно разоткриен“.
Реакциите на социјалните мрежи беа слично критички, со многу фанови кои се прашуваа дали трансферот бил вистинскиот потег. Сепак, Александер-Арнолд останува оптимистичен и изјави дека преминот во Реал Мадрид е гордост и исправна одлука за неговата кариера.