Телмо Арканжо на цена по одличниот Мундијал

Еден натпревар на Светско првенство понекогаш е доволен за целосно да ја промени кариерата на еден фудбалер. Токму тоа му се случува на Телмо Арканжо, кој со својата одлична партија во ремито 2-2 против Уругвај привлече големо внимание од европските клубови.

Дваесет и петгодишниот репрезентативец на Зеленортските Острови остави силен впечаток со својата смиреност, брзина и продорност, квалитети што не останаа незабележани кај бројните скаути присутни на Мундијалот.

Според информациите на новинарот Руди Галети, интерес за Арканжо веќе покажуваат повеќе клубови од Англија, Турција и Грција. Телефоните во неговиот клуб, португалска Виторија Гимараеш, сè почесто ѕвонат, додека потенцијалните купувачи внимателно ги следат неговите настапи на Светското првенство.

Арканжо зад себе има солидна сезона во португалскиот шампионат, во која настапи на 34 натпревари и постигна два гола. Иако статистиката не изгледа спектакуларно, многумина веруваат дека крилниот фудбалер има значително поголем потенцијал од она што досега го покажал.