Тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат да играат на УС Опен

Тениската асоцијација на САД, која е организатор на гренд слем турнирот УС Опен, потвди дека тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија ќе можат да учествуваат на овогодинешното издание на турнирот.

Организаторите на УС Опен потврдија дека тие нема да го следат примерот на Вимблдон каде учесниците оваа година ќе останат без поени бидејќи на руските и белоруските натпреварувачи не им е дозволено учество.

Единствен услов кои играчите од овие две земји ќе треба да го исполнат е да настапуваат под неутрално знаме. Бранител на титулата во машка конкуренција е Данил Медведев, додека во женска конкуренција шампионка беше Ема Радукану.