Тенисерка падна на допинг тест поради – сексуален однос?!
Дајана Јастремска е една од најголемите надежи на украинскиот тенис, но нејзината кариера во моментот не напредува, бидејќи на почетокот од годинава беше суспендирана поради позитивен тест на допинг.
Тенисерката која наскоро ќе наполни 21 година во досегашната кариера освои три турнири, а годинава требаше да биде година во која ќе се пробие во самиот тениски врв.
На почетокот од минатата година го оствари највисокиот ранкинг во кариерата, беше 21. тенисерка на светот, но почетокот од годинава и донесе големи неволји, откако беше позитивна на местеролон.
Откако беше суспендирана, изјави дека ќе се бори да ја спаси својата чест, бидејќи знае дека не користела ништо недозволено.
„Кај мене е пронајдено ниско ниво на месторолон. Со оглед на ниската концентрација и негативниот примерок две недели претходно, добив потврда дека позитивниот резултат е опција да биде како резултат на некоја врста на контаминација. Со тоа, известена сум дека оваа супстанција ја користат мажите како лек, односно не се препорачува кај жените поради штетни влијанија.“ – изјави пред пет месеци, а сега тврди дека знае и како недозволената супстанца стигнала до нејзиното тело.
Јастремска е уверена дека е позитивна поради нејзиниот поранешен партнер, кој супстанцата и ја пренел за време на полов однос. Тој тврди дека тоа не е вистина, а напиша и изјава за комисијата која е задолжена за овој случај.
Таткото на украинската тенисерка замоли да се предаде примерок од косата за анализа, но тоа беше одбиено и веќе не се соработува со одбраната на тенисерката. Расплетот на случајот треба да биде познат до крајот на месецот.