Тен Хаг веќе го планира стручиот штаб на Манчестер Јунајтед
Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, има намера да донесе на Олд Трафорд како помошник една од иконите на „црвените ѓаволи“.
Тоа ќе се случи доколку во текот на летото го преземе Манчестер Јунајтед како што се шпекулира последниве денови. Имињата кои се поврзуваат со него се Робин ван Перси, Руд ван Нистелрој и Јан Стам. Нистелрој е помошник тренер во ПСВ Ајндховен а Робин ван Перси во Феенорд.
Стам има најдолг стаж како тренер, па дури има искуство и во Англија кога го водеше Ридинг во периодот од 2016 до 2018 година. Тој е моментално без работа.