Тен Хаг го носи Вегхорст во Манчестер Јунајтед?

Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст веројатно денеска се
прости од навивачите на Бешикташ и во вториот дел од сезоната ќе го
носи дресот на Манчестер Јунајтед.
Напаѓачот е фудбалер на Барнли, но на позајмица во Бешикташ, а
Јунајтед изрази желба да го откупи во јануарскиот преоден рок. Ако
не може веднаш да го купи, клубот од Олд Трафорд би го добил, исто
така, на позајмица овој месец со обврска да плати отштета од околу
10 милиони евра на крајот од сезоната. Таму треба да биде замена за
Кристијано Роналдо кој си замина минатиот месец. Вегхорст постигна
еден од двата гола на денешниот натпревар на Бешикташ против
Кашимпаша, а потоа отиде до трибината каде се најверните навивачи
на клубот и им покажа колку сака, потег кој многумина го
протолкуваа како простување од нив пред враќањето во Англија.