Тен Хаг го презема Баерн Минхен?

Ако летово и официјално си замине од Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг би можел да седне на кормилото на Баерн.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, во последните недели се воделе преговори меѓу Баерн и претставниците на Тен Хаг. Холанѓанецот би сакал да го одработи договорот со Јунатед до 2025 година, но управата на „ѓаволите“ сака да направи промена.

Тен Хаг стана главен тренер на Манчестер Јунајтед во летото 2022 година, доаѓајќи од холандски Ајакс.