Тен Хаг го сака Џонатан Тах на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед покажува серизон интерес за дефанзивецот на Леверкузен и германската репрезентација, Џонатан Тах.

Тах одигра фантастична сезона со „фармацевтите“ и солидно одигра на Европското првенство, а интерес за него покажува и Баерн Минхен.

Со оглед дека Џонатан Тах има актуелен договор со Баер Леверкузен до 2025 година голема е веројатноста да биде продаден ова лето.

„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со агентот на Тах и сакаат да ја победат конкуренцијата.