Тен Хаг добива нов договор на „Олд Трафорд“
Раководството на Манчестер Јунајтед очигедно ја почитува работата на менаџерот Ерик тен Хаг, па затоа ќе му понуди нов договор.
Иако во моментов на „Олд Трафорд“ се занимаваат со промената на сопственичката структура, што и да се случи, тоа по се изгледа нема да има влијае на иднината на менаџерот.
Под водство на Холанѓанецот, Манчестер Јунајтед по шест години го крена првиот пехар, а се уште се натпреваруваат за трофеи и во ФА Купот и Лигата на Европа.