Тен Хаг доби нов договор на „Олд Трафорд“
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го продолжи договорот до 2026 година, објави денеска прес-службата на англискиот елитен фудбалски состав.
54-годишниот холандски стратег ги води „црвените ѓаволи“ од 2022 година. На крајот од минатата сезона во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го зазеде осмото место но, успеа да го освои ФА Купот.
Токму тој трофеј му овозможи во наредната сезона да учествува во Лига Европа.