Тен Хаг загрижен за повредата на Мегваер
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хaг, зборуваше за повредата на дефанзивецот на „ѓаволите“, Хари Мегваер, која што ја доби натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Баерн (0-1).
„Не можам да кажам ништо во моментов. Ќе треба да почекаме 24 часа, а потоа ќе имаме проценка за сериозноста на неговата повреда односно точна дијагноза, дијагноза. Мора да почекаме за тоа“, изјави Ерик Ден Хaг за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.
Во 38. минута од натпреварот, Мегваер почувствува непријатност во пределот на препоните. Дефанзивецот се обиде да се врати во игра, но на крајот беше заменет.
Оваа сезона Магваер одигра 17 натпревари, постигна еден гол и даде една асистенција.