Тен Хаг искажа целосна доверба во Касемиро
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, се осврна на лошата форма на Касемиро на стартот на сезоната.
„Дефинитивно ми треба. Секако, разговарав со него за моменталната ситуација, секој може да има лош ден“ – вели Холанѓанецот.
„Тој е искусен играч и верувам дека знае како да се носи со тоа. Секој има подеми и падови“, изјави Тен Хаг за клупскиот сајт на „црвените ѓаволи“.