Тен Хаг лично ќе го убедува Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака лично да разговара за иднината со напаѓачот Кристијано Роналдо, пишува Дејли Меил.

Според изворот, разговорот меѓу страните е закажан во моментот на враќање на Роналдо во клубот за да започне со претсезонските тренинзи.

Претходно беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на „црвените ѓаволи“ да го продадат доколку дојде добра понуда. Поточно, португалскиот напаѓач е незадоволен од активноста на клубот на трансфер пазарот, во споредба со конкурентите во Премиер лигата.

Исто така, беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да ангажира 6-7 нови имиња во летниот преоден рок.