Тен Хаг меѓу кандидатите за клупата на Вулверхемптон

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг повторно би можел да се врати во Премиер лигата, откако по неуспешната авантура во Баер Леверкузен доби отказ на самиот старт од сезоната.
Според информациите на познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, Тен Хаг е меѓу главните кандидати за нов тренер на Вулверхемптон, клуб кој остана без кормилар по серија слаби резултати.
Иако неговиот мандат во Манчестер јунајтед не донесе очекувани успеси, раководството на Вулвс верува дека искусниот Холанѓанец може да донесе стабилност и нова енергија во тимот.